Казахстанскиот парламент го подржи одржувањето на референдум

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Горниот дом на казахстанскиот парламент денеска го подржи одржувањето на референдум со кој би се продолжил мандатот на претседателот Нурсултан Назарбаев за 10 години. Опозицијата ја осуди „граѓанската иницијатива“, бидејќи е со цел да се избегнат закажаните претседателски избори во наредната година. САД претходно соопштија дека референдумот ќе биде чекор назад на демократијата во Казахстан.