Пад на малопродажните цени во ЕУ

Малопродажните цени во земјите кои го користат еврото паднале за 0,8 отсто во ноември, според последните податоци на Еуростат, што претставува уште еден знак дека потрошувачите се воздржуваат од трошење на пари очекувајќи го расплетот од должничката криза во која влегоа земјите-членки на Европската Унија. Според Еуростат цените ќе стагнираат и во овој месец за разлика од претходното предвидување дека ќе има раст од 0,5 отсто.