Грција се соочува со анархистичка закана

Aтина, 15 Декември

Антитерористите во Грција ги зајакнаа операциите за апсење на петмина членови на радикалната анархистичка група „Заговор на огнените јадра“, откако во своето соопштение вчера таа ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред зградата на административниот суд во Атина на 30 декември.
Според грчкиот печат, цел на анархистите се судиите и вработените во грчкиот судски систем поради судскиот процес против 13 обвинети за поврзаност со „Заговор на огнените јадра“, кој е закажан за 17 јануари во Апелациониот суд во Атина.