ОН со дополнителни мировници во Брегот на Слоновата Коска?

ОН соопштија дека ќе побараат од Советот за безбедност испраќање дополнителни две илјади мировници во Брегот на Слоновата Коска за да го заштитат новиот претседател Аласан Оатара. Се очекува новите мировници да бидат испратени во наредните неколку недели. Сега таму има 10 илјади мировници на ОН.
Светската организација ја признава победата на Оатара на претседателските избори во Брегот на Слоновата Коска, но актуелниот претседател Лорент Гбогбо одбива да ја напушти претседателската функција.