ОБСЕ - Белорусија да запре со прогонот на новинари

ОБСЕ побара од Белорусија да запре со нападите врз независните новинари и да ги ослободи оние што се затворени. Претставничката за медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, во писмото до белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Мартинов, пишува дека ОБСЕ е „длабоко загрижена поради досега невидениот бран на насилства, застрашување, прогон и апсења на новинари“, кои започнаа за време на претседателските избори.
Меѓу 22 луѓе обвинети за организирање масовни немири по оспорените претседателски избори има две новинарки. Тие се соочуваат со затвор до 15 години.