Грција со нови мерки за илегалните имигранти

Грчкото министрество за заштита на граѓаните планира да земе под наем два брода од Холандија со капацитет до илјада луѓе, кои ќе функционираат како центри за илегални имигранти, објави весникот Та неа. Инцијативата на министерството е дел од мерките кои се преземаат во борбата со илегалната миграција. Пред некој ден владата соопшти дека ќе изгради ѕид на границата со Турција за да се спречи нелегалниот влез на имигрантите во земјата.