Баросо во посета на Азербеџан и Туркменистан

Претседателот на ЕК, Хозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската Комисија, Хозе Мануел Баросо соопшти денеска дека тој ќе ја води делегацијата која ќе отпатува во Азербеџан и Туркменистан, при крајов на месецов во врска со набавката на природен гас во унијата. Делегацијата како што изјави Баросо ќе се заземе за Јужниот Коридор и тие се надеваат дека конечно ќе се изгради гасоводот Набуко, а Азербеџан и Туркменистан ќе ја имаат главната улога во снабдувањето со гас.