Ирак ќе извезува нафта во Јордан

Ирак и Јордан постигнаа прелиминарен договор за изградба на нафтовод, кој ќе транспортира нафта од Ирак до Јордан. Потпаролот на јорданското Министерство за енергија, Махмуд Еис изјави дека договорот се случил пред два дена за време на посетата на нивниот премиер Самир Рифаи на Ирак. Според Еис нафтоводот ќе биде изграден само доколку тој ги задоволува дневните потреби на земјата, кои изнесуваат 110 илјади барели.