ЕУ нема да ги посети нуклеарните капацитети на Иран?

Фабрика за збогатување ураниум во близина на Техеран

Европската унија соопшти денеска дека се уште не решила дали ќе ја прифати понудата на Иран да ги посети нуклеарните капацитети на земјата и таквите инспекции според унијата треба да ги изврши Меѓународната агенција за атомска енергија. Претставници на Британија, Кина, Франција, како и Русија, САД и Германија ќе се сретнат со иранските официјални лица при крајот на месецов да разговараат за нуклеарната програма на Техеран.