Погребан гувернерот на покраината Панџаб во Пакистан

Гувернерот на пакистанската покраина Панџаб, Салман Ташир е погребан денеска, откако вчера беше застрелан од еден од неговите телохранители. Илјадници луѓе се собраа да му одадат почит, а на церемонијата ќе присуствува и премиерот Јусуф Раза Џилани и некои членови на владејачката партија. Ташир беше член на најголемата владејачка партија и беше познат како еден од најмодерните политичари во земјата. Тој наводно бил убиен поради неговото противење на законот со кој луѓето кои го навредуваат исламот се осудени на смртна казна.