Чавез за американски амбасадор го предлага Шон Пен

Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека американски амбасадор во Каракас би требало да биде холивудскиот актер Шон Пен или режисерот Оливер Стон. Чавез не го прифати новиот американски амбасадор во Венецуела Лари Палмер, по што Вашингтон му ја одзеде визата на амбасадорот на Венецуела во Соединетите Држави.