Бугарија губи милијарда лева годишно од шверц со цигари

Бугарија само минатата година поради шверцот со цигари изгубила околу милијарда лева или околу половина милијарда евра, изјави бугарскиот пратеник Румен Петков. Според него, тоа не можело да се случи без учество на државата, односно Министерството за внатрешни работи, пограничната полиција и царината. Петков, кој порано беше министер за внатрешни работи, повикувајќи се на изјавата на францускиот министер за полиција, рече дека две третини од нелегалните цигари кои се појавуваат на пазарот на ЕУ, дошле преку Бугарија.Тој предложи формирање заедничка бугарско-турска комисија со задача да се утврди како се шверцуваат цигарите од Турција во Бугарија.