Се самоуби синот на шахот Реза Пахлави

Алиреза Пахлави

Алиреза Пахлави, најмладиот син на последниот ирански шах Реза Пахлави, е пронајден мртов во неговиот дом во американскиот град Бостон. Официјални претставници соопштија дека најверојатно станува збор за самоубиство, а братот на убиениот, Реза Пахлави на својот интернет сајт објавил дека, како и милиони Иранци, неговиот брат бил длабоко потресен поради маките на нивната драга татковина и го носел товарот од смртта на таткото и сестрата. Нивниот татко, последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави, беше симнат од власт со Исламската револуција во 1979 година, кога пребега во Египет, каде што почина една година подоцна.