Укината забраната за работа на неделник во Иран

Иранската новинска агенција објави дека судот во земјата ја укинал забраната за работа на најпопуларниот реформистички неделник, кој беше затворен со десетици други по спорните претседателски избори во 2009 година. Неделникот Шелхераг беше обвинет за објавување на текстови, кои според телото за супервизија на медиумите го навредувале моралот на јавноста.