Литванија бара помош од Европа за проблемот со Белорусија

Литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Азубалис изјави денеска дека е потребен заеднички одговор од Европа за случувањата во Белорусија, која реши да ја затвори канцеларијата на ОБСЕ во земјата. Според Азубалис тие ги оставаат портите отворени и продолжуваат со консултациите со Белорусија. Литванија вчера го започна претседавањето со ОБСЕ.