Маневски не ја коментира одлуката на судот за Вранишковски

Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека нема да ја коментира одлуката на Апелациониот суд од Софија кој го одби барањето на македонските власти да го екстрадира расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.
Според Маневски и натаму останува пресудата и потреницата за Вранишковски, бидејќи се работи за кривично дело за кое е донесена казна од страна на надлежниот суд. Коментар за одлуката на судот Маневски најави дека ќе даде откако ќе добие официјално известување.