Бугарија нема да го екстрадира Вранишковски во Македонија

Софија

Софискиот апелациски суд денеска го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски.
Тој беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде ИНТЕРПОЛ, по барање на Основниот суд Битола заради издржување затворска казана од 2,5 години за проневера на околу 250 илјади евра црковни пари.
Апелацискиот суд во Софија ја укина и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно