Тим Џуда - Можен е договор Скопје - Атина

Ке има ли договор Македонија - Грција?

Можно пријатно изненадување на Балканот оваа година би можело да биде договорот меѓу Скопје и Атина за спорот околу уставното име на Македонија, што е прашање на кое, според сознанијата на британскиот аналитичар Тим Џуда, е постигнат голем напредок во разговорите меѓу двете страни под покровителство на ОН.

За британскиот аналитичар најголема потенцијална опасност на Балканот во 2011 година е Косово.

„Ако Косово продолжи да заостанува или пак другите земји почнат да се дистанцираат од новата косовска Влада, поради тврдењата за изборна измама и обвинувањата на Марти дека Хашим Тачи тргувал со човечки органи, тоа би можело да има долгорочни и непредвидливи последици“, објасни Џуда за Би Би Си.