Напори ОБСЕ да продолжи да работи во Белорусија

Канцеларијата на ОБСЕ во Минск

Преседавачот на ОБСЕ, литванскиот министер за надворешни работи Аудронис Азубалис почна консултации со цел ОБСЕ да ја продолжи својата работа во Белорусија.
Тој рече дека „длабоко жали“ поради тоа што белоруски властите не го продолжија мандатот на Канцеларијата на ОБСЕ во Минск.
ОБСЕ во Минск работи од 1998 година. Мандатот на Канцеларијата мора да се обновува еднаш годишно од страна на 56 земји учеснички во ОБСЕ и истече на 31 декември 2010 година. Белорусија одби да го продолжи мандатот.