Српскиот заменик премиер во Франција

Божидар Ѓелиќ

Српскиот вице-премиер за евроинтеграции Божидар Ѓелиќ, кој се наоѓа во посета на Франција, денеска ќе има средба со францускиот министер за европски работи Лорен Вокиј. Со него тој ќе разговара за чекорите на Србија на патот кон ЕУ како и за посетата на претседателот на Србија Борис Тадиќ на Франција.