Делумно затемнување на Сонцето

Затемнување на Сонцето

Жителите на поголемиот дел на Европа, Северна Африка и Блискиот Исток во претпладневните часови ќе може да го видат првото од серијата делумни затемнувања на Сонцето во 2011 година.
Над територијата на Македонија затемнувањето ќе започне во 8:00 часот, а ќе заврши во 10:57 часот. Максималното „преклопување“ на Месечината со Сонцето ќе се случи во 9:24 часот.
Во текот на 2011 жителите на Земјата ќе бидат сведоци на шест затемнувања, од кои четири делумни на Сонцето.