Aвганистан бара Иран да го почитува договорот за траспорт на гориво

Авганистанските власти соопштија дека Техеран не го почитува договорот за прекин на забраната за стотици цистерни со гориво да ја поминат границата на Иран за да влезат во Авганистан. Во соопштението од кабинетот на авганистанскиот претседател ХАмид Карзаи е изразено жалење затоа што и покрај ветувањето, овој проблем не е решен. Претходно Техеран го забрани транспортот на гориво за Авганистан преку Иран поради стравувања дека тоа гориво е наменето за американските и меѓународните воени сили во земјата за борба со Талибанците.