Грција се откажа од идеата за ограда на границата со Турција

Грчката влада денеска отстапи од плановите за изградба на ограда долж границата со Турција, за да го спречи влезот на нелегалните имигранти во земјата, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на владини извори.
Според плановите што беа објавени викендов, Грција планирала да изгради ограда висока 3 метри, слична на ѕидот изграден по границата меѓу Мексико и САД.