Пронајдена „црната кутија“ од авионската несреќа во Сибир

Руските власти соопштија дека ја пронашле „црната кутија“ од патничкиот авион што се запали пред полетување во Сибир во саботата при што загинаа три лица. Најмалку 43 патници се повредени од кои 30-тина се уште се во болница. Авионот се запалил пред полетувањето, и патниците едвај успеале да излезат од него пред да експлодира.