Талин и Турку - европски престолнини на културата во 2011

Естонскиот главен град Талин и Турку, поранешниот главен град на Финска, ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2011 година. „
Приказни од морскиот брег“ е насловен збирот од настани што ќе ги организираат овие два пристанишни града со долга и богата историја.
Двете соседни земји ќе му понудат на стариот континент космополитска програма, која свечено ќе биде отворена со влегувањето во новата година и со низа содржини ќе заврши на крајот на 2011.
Меѓу позначајните настани во Талин се првиот светски шампионат на огнени скулптури што ќе се одржи во јануари, еднонеделната манифестација „Денови на стариот град Талин“ на почетокот на јуни, кога градот ќе биде отворена сцена за концерти, перформанси, танци, ракотворби.
Инаугурацијата на Турку во град на европската култура ќе биде на 14 јануари со концерти покрај бреговите на реката Аура. Ќе има и уметнички инсталации за градењето бродови и многу огномети. Средиште на сите културни случувања во Турку ќе биде Логомо - област на старо бродоградилиште...