Руската шпионката Чепмен сака пукање

Руската шпионка Ана Чепмен во првото телевизиско интервју открива дека отсекогаш сакала пукање и лавче како милениче. Црвенокосата 28 годишна Чепмен стекна светска слава откако беше откриена како една од 10 те руски таканаречени ,,агенти спијачи,, кои работеле во Соединетите држави и кои во текот на летото беа депортирани во Русија. По враќањето Чепмен стана заштитен знак на една московска банка, како и дел од раководството на провладината младинска организација ,,Младинска стража,,.