Русија се соочува со нови интернационални критики поради осудувањето на ктитичарот на Кремљин и бизнисмен Микаил Кодоровски. Тој и неговиот бизнис партнер беа осудени на дополнителни шест години затвор. Станува збор за измена на првичната пресуда. Согласно последната одлука на судот, Кодоровски ќе биде во затвор до 2017 година. Соединетите американски држави и Европската унија реагираа за пресудата поради сомненија дека затворањето на бизнисменот можеби е мотивирано од неговото противење на премиерот Владимир Путин и неговите сојузници.