Молдавија веќе еден месец е без влада

Демократската партија на Молдавија, денеска ја напушти коалицијата со Комунистичката партија и се приклучи кон прозападната алијанса. Новиот сојуз е сочинет од демократската партија, либерал демократската и лебералната партија. Молдавија е навлезена во политичка криза откако по парламентарните избори во ноември не може да формира владина коалиција. Се очекува лидерот на демократската партија да ја преземе привремено функцијата претседател на собранието.