Ходорковски ќе остане во затвор до 2017-та година

Михаил Ходорковски

Рускиот суд го осуди поранешниот руски нафтен тајкун Михаил Ходорковски на 14 години казна затвор. Адвокатите на Ходорковски соопштија дека во новата казна е вбројана и досегашната 8 годишна казна која ја отслужува од 2003-тата година. Ходорковски е осуден за кражба на 218 милиони тони нафта. Се смета дека рускиот премиер Владимир Путин стои зад судскиот процес поради тоа што Ходорковски му се спротивставил на Путин додека бил претседател.