Казната за Ходорковски денеска ќе се соопшти

Михаил Ходорковски

Денеска се очекува да биде соопштена казната за поранешниот руски нафтен тајкун Михаил Ходорковски кој е прогласен за виновен за кражба на 218 милиони тони нафта. Неговата мајка Марина Ходорковска изјави дека очекува денеска да заврши како што вели „оваа комедија“. Судијата Виктор Данилкин кој е надлежен за овој случај привршува со читењето на пресудата напишана на 250 страни.
Ходоровски требаше да излезе од затвор наскоро по издржувањето на 8 годиншната казна по обвинението за даночно затајување. Обвинителите очекуваат Ходоровски со вториот судски процес да остане во затвор до 2017-та година.