Ватикан воведе нови правила за финансиските трансакции

Ватикан денеска формира нова агенција за финансиско набљудување и воведе нови правила за финасиски трансакции кои ќе коренсподираат со европските закони за превенција од измами и тероризам. Папата Бенедикт 16-ти денеска ги потпиша документите.До овие промени дојде откако Банката на Ватикан е осомничена за вмешаност во перење пари. Италијанските инспектори во Септември замрзнаа фондови за Ватикан во вредност од 23 милиони евра и ја ставија банката под истрага.