Ставрески: Грчката мерка, политичка

Министер за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески ја оцени како лоша мерката на Грција да го прекине субвенционирањето на стопанствениците кои работат во Македонија.Тој додаде дека тоа е политичка мерка бидејќи не е воведена кон ниту една околна земја, а лоша зашто со тоа ќе им наштети на сопствените бизнисмени. Ставрески смета дека со тоа нема да се спречи поголемата конкурентност на македонската економија, бидејќи како што вели Македонија нуди многу пониски даноци и многу пониски трошоци за фирмите.
Тој му предлага на грчкиот министер за финансии да го потпише Договорот за одбегнување двојно оданочување кој е на неговата маса и е доставен во февруари годинава и со тоа како што вели ќе помогне за отворање на економиите, поголема соработка и олеснување на работата на бизнисмените меѓу двете земји.