Одобрен реферндум за владеење на Назарбаев до 2020

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Парламентот во Казахстан го поддржа планот за референдум за продолжување а претседателствувањето на Нурсултан Назарбаев до 2020 година. Казахстанската Изборна Комисија и формално го регистрира барањето за референдум по петицијата од граѓански форум. Доколку предлогот е поддржан и од граѓаните, нема да се оддржуваат претседателски избори до 2020. Седумдесет годишниот Назарбаев е претседател на Каахстан веќе 20 години.