Хрватска во ЕУ до крајот на 2012 година

Премиерот на Хрватска Јадранка Косор

Хрватска може да ги заврши преговорите за членство во ЕУ кон средината на идната година и ако направи максимални напори да биде членка од крајот на 2012 година.
Ова го изјави австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер.
Според него, остануваат нерешени реформите во судството, прашањето за приватизацијата на хрватските бродоградилишта а неопходно е и продолжување на борбата против организираниот криминал и корупцијата.