Комисиска работа за УБК без опозициската СДСМ

Macedonia - Macedonian parliament, Skopje, 04Aug2010

Собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска на затворена седница расправа по извештаите за работата за 2009 година на УБК и на Агенцијата за разузнавање.
Како што истакна претседателот на Комисијата Бесим Догани, третата седница на Комисијата ќе биде затворена за јавноста со оглед на тоа што информациите содржани во извештаите се класифицирани како строго доверливи.
Пратениците од СДСМ, кратко време по почетокот, ја напуштија седницата со образложение дека нема да учествуваат, како што велат, поради навредливиот однос кон Собранието затоа што ги добиле материјалите кои се однесуваат на точките од дневниот ред на 23 декември годинава.