Невработеноста во Македонија 31,7 насто

Невработеноста во Македонија во третиот квартал според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 31,7 насто.
Податоците покажуваат дека вкупното активно население брои 949.313 лица од кои вработени се 648.773 лица или 68,3 отсто, а невработени се 300.540.
Од невработените 61,9 отсто се мажи, а 38,1 отсто се жени. Според возраста најголем број 191.666 се меѓу 25 и 49 години, а според образованието најголем број се со четиригодишно средно образование.
Стапката на активност во овој период е 57,6 отсто, стапката на вработеност 39,3, додека стапката на невработеност изнесува 31,7 насто.