Амбасадорите на состанок со Милошоски

Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски денеска во Домот на АРМ ќе има состанок со шефовите на дипломатско - конзуларни претставништва на Република Македонија. На состанокот ќе стане збор за процесот на европска и евроатланска интеграција на Македонија и на активностите во мултилатералните организации, односно во Советот на Европа, ОБСЕ и ООН, се вели во соопштението од Министерството.
Дипломатите денеска ќе бидат примени и од претседателот на државата Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.