Уапсен поранешен член на „Чакали“ во Црна Гора

Српското обвинителство за воени злосторства соопшти денеска дека црногорската полиција го уапсила поранешниот член на српската паравоена формација „Чакали“ Милојко Николиќ кој е осомничен за воени злосторства против цивили во косовскиот конфликт Србија очекува Николиќ да биде екстрадиран врз основа на спогодбата за взаемна екстрадиција, која Белград и Подгорица ја потпишаа на 29 октомври годинава.
Во Германија минатата недела беше уапсен еден од главните обвинети во врска со настаните во селото Чушка, Зоран Обрадовиќ, а се уште се трага по уште 15 осомничени за кои се верува дека се во странство.