Во Црна Гора собраниска расправа за новата влада

Игор Лукшиќ и Мило Ѓукановиќ

Собранието на Црна Гора денеска ќе расправа за изборот на нова влада. Претседателот Филип Вујановиќ мандатот за состав на нова влада му ја довери на кандидатот на Демократската партија на социјалистите и досегашен бицепремиер Игор Лукшиќ откако премиерот Мило Ѓукановиќ поднесе оставка. Најавено е дека Лукшиќ ќе предложи пет нови министри, но и реорганизација на владините ресори.