Во Иран, обесен човек обвинет за шионажа

Иранските власти, според тамошните медиуми, обесиле еден човек обвинет дека работел како шпион за израелската разузнавчка агенција Мосад. Станува збор за Али Акбар Сиадат кој бил осуден на смрт откако било докажно дека тој шест години одавал тајни информации, меѓу нив и за иранските воени бази, за што Мосад му исплатил 60 илјади долари. Во извештаите се додава дека тој бил уапсен пред две години додека со сопругата се обидувал да избега од Иран.