Обама најпочитувана личност

Претседателот на САД Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама трет пат по ред е прогласен за нејпочитувана личност, покажува најновото истражување на „ USA Today- Galup“. Зад Обама на списокот се наоѓаат поранешните претседатели Џорџ Буш и Бил Клинтон. А државниот секретар Хилари Клинтон е најпочитуваната жена и тоа деветта година по ред. Зад неа се наоѓаат телевизиската водителка Опра Винфри и гувернерката на Аљаска Сара Пејлин. Учесниците во анкетата требало да изберат име на личност од целиот свет, која најмногу ја почитуваат.