Русија бара Белорусија да ги ослободи притворените Руси

Русија побара до властите во Белорусија да ги ослободат руските државјани кои беа уапсени на 19 декември за време на демонстрациите на опозицијата во Белорусија поради повторниот избор на Александар Лукашенко за шеф на државата. Од руското министерство за надворешни работи оценуваат дека секое одлагање на ослободувањето на руските државјани негативно ќе се одрази на односите меѓу двете земји. Според податоците на руската амбасда во Минск, во притвор во Белорусија се наоѓаат уште 11 руски државјани. Во затворите во земјата има околу стотина луѓе кои беа притворени за време на протестите.