Средба на рускиот и киргистанскиот премиер во Москва

Киргистанскиот премиер Алмазбек Атамбаев

Киргистанскиот премиер Алмазбек Атамбаев денеска се сретна со рускиот премиер Владимир Путин. На средбата двајцата премиери разговарале за соработката на двете земји со новата влада на Киргистан. Атамбаев изјавил дека се надева оти сега ќе се обнови соработката со руските енергетски компании. Тој изразил надеж дека Киргистан ќе се приклучи кон Царинската Унија на Белорусија, Казахстан и Русија. Официјалната посета на Москва е првата дестинација на која се упати премиерот Атамбаев отакако дојде на функцијата на почетокот на месецов.