Санадер во притвор уште еден месец

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер ќе остане во притвор во Австрија уште еден месец. Ова го изјави потпаролот на државното обвинителство во Салзбург Барбара Фајхтингер. Хрватските медиуми повикувајќи се на австриската новинска агенција Апа јавуваат дека следното рочиште е закажано за 27- ми следниот месец. Според хрватските медиуми Санадер на денешното рочиште не се изјаснил по прашањето за есктрадиција во Хрватска, но за тоа може да се изјасни и во текот на следниот месец.