Бериша ги отфрли наводите за трговија со оружје

Албанскиот премиер Сали Бериша ги отфрли наводите објавени во српскиот весник „Политика“ дека учествувал во трговија со оружје за време на конфликтот во Косово.Тој изјави дека тоа се „расистички клевети во рамките на антиалбанската хистерија која ја води известувачот на Советот на Европа Дик Марти.“ Во денешното издание на „Политика“ пишува дека името на Бериша како еден од главните во трговијата со оружје е спомето во сведочењата на четворица Албанци од Косово заведено во документи на обвинителството до кои дошол весникот. Бериша додаде дека е отворен за соработка со меѓународните институции иако веќе е спроведена една истрага.