Ранет вработен при грабеж на бензиска пумпа во Пробиштип

При грабеж на бензинска пумпа на „Макпетрол“, синоќа во Пробиштип, со три куршуми од пиштол е повреден вработениот на бензиската кој се наоѓа на лекување во медицинскиот центар во Штип.
Од МВР информираат дека синоќа во 19.40 часот две маскирани лица, од кои еден вооружен со пиштол, влегле на бензинската и побарале пари од вработениот. Тој физички им се спротивставил по што еден од ограбувачите испукал три куршуми кон него, ги одзеле парите од касата и побегнале.