Назарбаев претседател на Казахстан до 2020-та?

Казахстанската изборна комисија ја започна процедурата за можно продолжување на мандатот на претседателот Нурсултан Назарбаев до 2020-та година. Подржувачи на Назарбаев побараа дозвола од изборната комисија да започнат со собирање потписи за одржување референдум за ова прашање. Претставник на комисијата денеска изјави дека кога ќе бидат собрани 200 илјади потписи, Назарбаев, чиј мандат истекува во 2012-та година, сам ќе реши дали ќе има референдум.