Се врати струјата на московскиот аеродром Домодедово

Доцна синоќа повторно дојде струја на московскиот аеродром Домодедово, откако имаше 12-часовен прекин во снабдувањето поради што беа откажани летовите од аеродромот.
До прекинот дојде поради замрзнување на далноводите, откако падна замрзнат дожд, а температурите паднаа ниско под нулата. Замрзнатиот дожд предизвика и прекин на собраќајот во Москва. Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови, освен ако излегувањето не им е неоходно.
Повеќе од 20 луѓе се повредени од паѓањето на дрвја или замрзнати гранки во градот. Премиерот Владимир Путин ги повика министрите за итни состојби, енергетика и транспорт да направат се што е потребно за да ги оспособат аеродромите и улиците за сообраќај.