Денеска пресуда за Ходорковски

Московскиот суд денеска треба да ја соопшти пресудата од второто судење на затворениот нафтен магнат Михаил Ходорковски. Некогаш најбогатиот човек во Русија е обвинет за проневера на нафта во вредност од 25 милијарди долари. Ходорковски во моментов отслужува 8 години затвор за затајување данок од неговата нафтена компанија Јукос.
Рускиот премиер Владимир Путин го спореди Ходорковски со американскиот финансиски магнат Бернард Медоф и оцени дека местото му е во затвор. Подржувачите на Ходорковски, пак, велат дека тој е затворен затоа што ги финансирал опозициските партии.