2010 - Најкрвава година за НАТО во Авганистан

Припадник на НАТО загина во експлозија на бомба во јужен Авганистан. Според податоците на новинската агенција Асошиејтед прес, годинава во Авганистан загинале 697 припадници на НАТО, со што 2010 е најкрвавата година во речиси 10-годишниот конфликт.